Во Росоман, жена со остар предмет го повредила својот сопруг
Објавено на 18 септември, 2023 во 11:27
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 17:15 часот ја лишиле од слобода триесет и осум годишната Г.Г од Штип, којашто во дворот од семејната куќа во Росоман, кавадарчеко, по вербална расправија со остар предмет му нанела повреда на својот сопруд.
За настанот бил известен јавен обвинител, а таа е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк