Се реконструира патниот правец од Отовица, крај велешко езеро, до село Сујаклари

Објавено: 15 април, 2026, во 09:15 часот

Со реконструкцијата всушност опфатена e улица „Гоце Делчев“ населба Отовица – Сујаклари, Таа долга е скоро 4 километри. Поради големата должина на делницата, сметаат од општината, реконструкцијата ќе биде поделена во три фази.

„Се врши темелна реконструкција на патот и изградба на тротоар од едната страна на делот кој поминува низ населбата Отовица. Изведувачот има рок од 6 месеци од воведување во работа да ја заврши работата.Средствата за реконструкција на овој проект се обезбедени од Влада на Република Македонија поточно од Унгарскиот кредит а  дел од средствата ги дообезбедува Општина Велес,“ одговорија на новинарското прашање на Дума.мк.

Општина Велес не го конкретизираше крајниот рок на изградбата на патот, оттаму кажаа дека ќе бил согласно договорот. Исто така, напоменаа дека изведувачот работел согласно воведен времен режим на сообраќај кој го одобрил Сектор за внатрешни работи Велес.

Деновиве општината објави на веб страницата дека на одредени места на делницата каде ќе се изведуваат работите, сообраќајот ќе се одвива отежнато и во исто време ги замоли граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да покажат трпение и разбирање со цел безбедно, непречено и квалитетно  изведување на градежните работи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.