„Безбедно од дома до училиште“, превентивна активност за учениците во Кавадарци
Полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, на подрачјето на Кавадарци, вчера, на 20 септември реализираа превентивна активност под мотото „Безбедно од дома до училиште“ којашто е дел од кампања на Министерство за внатрешни работи за безбедност на учениците и училиштата.
– Превентивната активност беше реализирана на приодите кон повеќе училишта во Кавадарци, и притоа на учениците и на децата од предучилишна возраст полициските службеници практично им ги презентираа основните сообраќајни правила и прописи, со посебно внимание на значењето на вертикалната и хоризонтална сигнализација, а сѐ со цел безбедно доаѓање и заминување од училиште на децата, како и нивно безбедно преминување преку раскрсница, додаваат од МВР.
Исто така, на децата им бил поделен и наменски едукативен печатен материјал.
Дума.мк