АК „ВЕЛЕС“ освои прво место на трката Тим билдинг на 22. WIZZ AIR Скопски маратон
Објавено: 5 октомври, 2026, во 15:17 часот
Велешкиот атлетичарски тим кој го постигна овој резултат беше составен од Роберто Димитриевски, Верољуб Додевски,Зоран Димов и најмладиот, 17 годишниот Томи Димовски. Велешките атлетичари како тим се пласираат први и го освоија златниот пехар во силна конкуренција на 185 екипи.

Инаку од нив поединечно најдобро се пласира атлетичарот Роберто Димитриески освојувајќи го четвртото место во силна конкуренција од 15 050 натпреварувачи од 63 земји од светот.
На главната трка, маратонот на 42.195 километри, учествуваа 800 натпреварувачи, а на 21 километар, полумаратон, се натпреваруваа 3.000 учесници.
Убавка Јаневска


