Болки во грбот – симптоми и причинители! (Аудио)
Долгорајни болки или вкочанетст во било кој дел од рбетот, од коренот на вратот до колковите.
Остра, локализирана болка на вратот, горниот дел на грбот или крстот, особено по подигањето тешки предмети или некоја напорна активност.
Хронична болка во средниот дел на грбот или на крстот, особено кај подолго стоење или седење.
Треба да се обратите на лекар ако чувствувате немоќ, трпнење или губење контрола на рацете и нозете: можеби сте го повредиле рбетниот мозок.
Потоа ако болките од грбот се шират надолу по должина на задната страна на ногата, можеби страдате од ишијас. Исто така ако болките се засилуваат кога кашлате или се виткате нанапред, тоа е можен знак на дископатија.
Ако болките се придружени со покачена температура, може да имате бактериска инфекција. Мора да се јавите на лекар и ако чувствувате тапа болка во еден дел на грбот кога легнувате или станувате од креветот, особено ако сте на возраст над 50 години можеби имате остеоартритис.
Божана Ќулавкова