Д-р Ѓоргиевски: Да создадеме иднина без карцином, време е сега да делуваме

Објавено на 4 февруари, 2022 во 18:36

Денес светот го слави светскиот ден посветен на борбата со карциномот. Поради тоа во борбата против овие заболувања, кои одземаат се повеќе и повеќе животи, ќе посветиме серија на текстови кои треба да ја подигнат свеста кај секој од нас за овој вид на заболувања. Целта на овие текстови не е да влееме страв туку напротив да станеме свесни за овие заболувања и што порано да се обратиме на лекар. Истовремно и да им помогнеме на нашите најблиски кои се борат со ова заболување.

Што е тоа Карцином и како настанува

Се поголем број на наши пациенти добиваат дијагноза која во основа го крие латинскиот термин Carcinoma, но се поставува прашање што е тоа?

Имено карциномите се група на тумори кои спаѓаат во така наречени Малигни тумори. Името  канцер е добиен од латинскиот назив за ракот кој како животно во природата има клешти и пипци со чија помош се движи во сите правци. Кај луѓето овој тип на тумори се нарекуваат и „женски“, поради можноста за продуцирање, создавање на нови жаришта.

Малиген тумор или карцином е тип на малигна промена на одредени клетки во организмот кои започнуваат да растат и се размножуваат без контрола на самиот имунитет на човековиот организам.

Значи, секоја, токму секоја клетка од човековиот организам може малигно да алтерира односно да се промени и да стане малигна.

Така создадената промена во јадрото на клетката која започнува да ги менува своите основни каркатеристики. На пример од жлездена клетка на ткиво на дојка преминува во туморозна клетка. Таа го менува јадрото преку промена на ДНА молекулата на клетката и истата се променува и надворешно. Но, не само што го менува својот изглед туку ги менува и сите нејзини карактеристики.

Клетката започнува да се дели поточно да создава нови туморозни клетки кои потоа формираат т.н Метастази.

Што се тоа метастази ?

Во основа метастазите се зони, острови на малигни туморозни клетки кои се населени, поставени во одредени органи.

Како се создава Карцином ?

Во овој момент апсолутно е енигма зошто и како баш определени клетки настануваат во малигни односно алтерираат, се променуваат во малигни клетки.

Но тоа што се знае е дека одредени фактори делуваат за една клетка да стане малигна. Тоа значи дека одредени фактори придонесуваат човекот да добие карцином.

  1. Генетика

Постојат одредени семејства каде забележано е дека има појава на карциноми во семејствотто. Одредени мали микро промени во генетскиот код на одредени луѓе носи ризик од можност за развој на карцином. Па така доколу двата родитела имаат карцином има поголема шанса и децата во одреден период или фаза од животот добијат карцином. Затоа е неопходно овие лица да прават ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ.

  • Пушење

Пушењето е многу силен ризик фактор за одредени карциноми. Самиот тутун, во процесот на обработка, третиран е со одредени материи, серпентини, кои делуваат многу штетно на одредени клетки во организмот. Димот од цигарата содржи многу штетни материи кои влијаат на клетките на белите дробови и тие  постепено ги дразнат и променуваат. Така во одреден момент клетката ќе се промени во МАЛИГНА. Пушењето е главниот ризик фактор кај Карциномот на белите дробови. Скоро 98 % од пациентите со карцином на бели дробови се страсни пушачи. Сепак има и пациенти кои се непушачи.

  • Канцероматозни материи

Одредени хемиски супстанции имаат силно штетно влијание врз клетките на дебелото црево и праваат тие клетки малигно се променат. Докажано е за пестицидите дека имаат канцероматозно влијание. Често луѓето кои консумираат прскано или хемиско третирано овошје, мислејќи дека го штитат својот организам, тие всушност консумираат отрови. Затоа што овошјето сериозно прскано со пестициди прави поголема штета одколку корист од него.  

Но тие материи не се присутни само во прсканата храна, напротив  ги има и во воздухот. Најчесто тешките метали од издувните гасови на автомобилите кои ги вдишуваме секој ден делуваат на нашето тело. Секако не веднаш и не брзо, но долгогодишната изложеност  на штетните гасови ги променуват нашите клетки и дел или само некоја клетка може Малигно да се промени.

Алхохолот, особено обоените алхохли делуваат канцероматозно.

Одредни материи како емулгатори, стабилизатори кои ги има во храната делуват со промена на некои единствени клетки и ги променуваат во канцероматозни.

  • Зрачење

Докажано е дека  рендген зрачењето има малиген потенцијал. Рендген зраците имаат капацитет да раскинуваат одредени ДНА врски и да создаваат нови. Тоа води кон малигна промена во јадрото на клетката  и потоа на самата клетка.

И зрачењето, дури и од сонцето, може да делува штетно. Постои дијагноза Melanoma Malignum која во основа е рак на кожата. И тоа е карцином кој настанува од промена  на бемка од сончевите зраци.

Но се почесто се спомнува и зрачењето од мобилните телефони. Имено се погласни се експертите кои твдат дека создавањето одредени типови на карциноми на мозокот или увото се последица од употреба на мобилен телефон.

  • Пол

Забележано е дека одредени карциноми се зависни од хормоните. Карциномот на дојка е многу чест кај женската популација и е зависен од естрогените хормони, додека многу редок но сепак го има и кај мажите. Потоа забележано е дека карциномот на дебелото црево е почест кај мажите во однос на жените.

  • Возраст

Исто така, забележано е дека како напредува возраста се почесто  се појавуваат одредени малигни карциноми. Тоа зависи пред се од слабеењето на имуниот одговор кај човекот со возраста,  но и од периодот на изложеност на штетни материи. Имено не е исто дали еден човек пуши 3 години и 33 години .

  • Вируси

Постојат одредени вируси кои во основа имаат капацитет да го менуваат гентескиот код на клетката и малигно да ја променат. Таков типичен пример е Хуманиот Папилома Вирус или HPV вирусот кој  предизвикува Карцином на грлото на матката кај жената.

Потоа вирусот на хепатитис Б и Ц води во развој на карцином на црниот дроб.

Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог

моб.тел.број  070 / 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.