Др Јаневска: „Канцерот на дојка кај 20 % од болните жени завршува со фатални последици по нивниот живот“ (видео)
Најчеста болест кај жените во последната деценија е карцином на дојка. Десет проценти од заболените жени се на различна возраст додека 20 % од светските истражувања покажуваат дека смртта кај жените ја предизвикува токму оваа дијагноза. „Болеста не е изразена во одреден дел од животниот век туку од неа заболуваат жени на различна возраст,“ рече др Елена Јаневска.
Потребно е да се следат протоколите за превенција бидејки резултатите се охрабрувачки или постои намалување како на морбидитетот така и на морталитетот.
На прашањето на Дума.мк постои ли возрасна група на жени која е најмногу погодена од болеста, др Јаневска рече:
Редовните самопрегледи, дома, мамографски и ехо прегледи се единствените расположливи средства за рано дијагностицирање на болеста. Тогаш можностите да се живее со или да се победи болеста се поголеми. Така секоја жена може сама да придонесе за својот квалитетен живот, беа дел од пораките на др Јаневска до жените во Велес.
Лекарката учествуваше на трибината „Превенција и рано откривање на рак“ ,што како општествено одговорна компанија ја организираше „Ронтис“, со цел да ја подигне јавната свест за тешката болест на 21 век со фатални последици по животот на жените.
Убавка Јаневска