Ѓумбирот препорачан за ублажување на кардиоваскуларни болести и за дијабетес
Ѓумбирот се продава како свеж корен, во вид на прав, конзервиран или кандиран и во сите облици има специфичен мирис. Најмногу се одгледува во Индија Кина, Непал, Индонезја и Нигерија.
Миризливиот корен најчесто се користи како пробиотик бидејќи има антивоспалително дејствие. Истиот ги намалува отокот и болките кај луѓето болни од артритис, помага и за превенција на заболувања на срце и рак. Тој делува против мигрена, добар е за стомачни тегоби. Прилично е добар против мачнина при возење, не предизвикува поспаност само треба да се зема пред да дојдете во ситуација да добиете мачнина. Исто така се смета за ефикасен краткорочен лек за утринска мачнина кај бременоста. Исто така истражувањата покажуваат дека ѓумбирот може да го намали холестелорот и да спречи крвни згрутчувања, го намалува шеќерот во крвта .
Чувајте го свеж во фрижидер и сечете толку колку што е потребно ,а еве како може да го користите:
1.Додадете ѓумбир во лути чорби, паприкаши и пржен зленчук
2.Испасирајте готвен сладок компир со ѓумбир и сок од портокал.
3.Зачинете ги рибните филети со парчиња свеж ѓумбир згмечен лук, млад кромид и соја сос. Замотајте ги во алуминиумска фолија и испечете ги.
4.Изрендајте свеж ѓумбир во лимонада.
Божана Ќулавкова