(Видео)Кардиолог др Николовска Неделкова: „54% мозочни удари и 47% од коронарна артериска болест се предизвикани од покачен крвен притисок, лекувањето е задолжително“
Светскиот ден на хипертензија се одбележува на 17 мај и денешниот разговор со др Весна Николовска Неделкова, кардиолог на ЈЗУ Општа болница Велес, има за цел да влијае на подигање на свесноста на граѓаните како на општина Велес така и во државата за значењето на повисокиот крвен притисок како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето.
Според податоците на Светската здравствена организација, високиот крвен притисок е причина за 7,6 милиони смртни случаи на годишно ниво што изразено во проценти на светско ниво изнесува 13,5 отсто од вкупниот број смртни случаи и е висок број или процент од било кој друг ризик фактор. Исто така околу 54% мозочни удари и 47% од коронарна артериска болест се предизвикани од покачен крвен притисок, додаде др Николовска Неделкова. Погледнете ги нејзините препораки.
Исто така, редовните здравствени контроли или подзаборавените систематски прегледи е значајно да се вратат во здравствената култура на граѓаните бидејќи со нив навремено се откриваат сите здравствени проблеми што можат да се појават кај граѓаните. Тоа значи дека и навремено може да се пристапи кон лекување без фатален исход по животот на граѓаните, смета докторката.
Убавка Јаневска