Во велешка болница годинава предвремено родени само пет дечиња
Од новородени 340 само пет бебиња,годинава, се родиле пред време во Велес. Нивното раѓање го извеле лекари гинеколози на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа болница Велес. Ако се земат во предвид статистичките податоци во светски рамки, каде стапката на предвремено родени деца се движи од 4% до 10% по глава на жител во државите, ова не е висок процент сметаат лекарите специјалисти педијатри. Најчести причинители на предвремените породувања се појава на висок крвен притисок,заболување од дијабет и инфекции кои се појавиле во текот на бременоста кај мајката или пак кај бебето состојбата на плацентата во која се наоѓа.
-На пример од вирус може да заболи мајката но и полесно да го преброди од бебето. Примерот со варичелата би го посочил како еден специфичен кога бебето би можело да има поголеми здравствени проблеми од мајката. Ако бебето е родено пред 37 гестациска недела тогаш се смета за предвремено родено додека од 37 до 42 гестациска недела родено е во термин како и после 42 гестациска недела кога се смета за пост терминско родено. За бебињата кои што се родени пред 37 гестациска недела потребен е засилен надзор од страна на здравствените работници и затоа овие бебиња ги ставаме во инкубатор. Во тие случаи се следат сите параметри како што се сатурација, заситеност со кислород, телесна температура и слично. Инкубаторот всушност ја заменува матката на мајката и во него има постојано иста температура и влажност, му обезбедува стандардна тишина или се што може да влијае врз развојот на новороденчето, рече д-р Никола Ќулафковски спедијалист педијатар.
Лекарот препорача бремените жени да одат на редовни гинеколошки прегледи. Следењето на бременоста од страна на лекарите е од суштинста важност на свет да се донесе здраво и навреме родено бебе.
Според она што може да се евидентира како позитивен пример во општина Велес и соседните , на светскиот ден на предвремено родени деца, е што веќе нема случаи на породување во домашни услови. Годинава само една жена се породила на пат кон Општа болница Велес но во присуство на здравствена екипа на Итна помош.
Убавка Јаневска