Споделете го вашето искуство: Безбедност на децата и младите на TikTok

Објавено на 23 септември, 2021 во 13:02

Би сакале да ги слушнеме родителите и наставниците подготвени да го споделат своето искуство со нас за да ни помогнат во претстојната истрага за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. Скролувајте надолу за повеќе информации за тоа како да учествувате.

Клучните работи што сакаме да ги знаеме:

  • Какви чекори преземаат родителите за да ги заштитат своите деца и млади тинејџери на платформата?
  • Дали имало случаи во кои децата и младите тинејџери биле цел на малтретирање, кражба на идентитет, проблеми со приватноста итн.?
  • Дали/како потенцијалната опасност во дигиталната средина влијае на физичката безбедност на нивните деца?
  • Што знаат наставниците за мрежата и како ги воспитуваат децата за тоа?

Нема да објавуваме документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку ќе покажеме поопшти, системски проблеми. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.

Вашите сведоштва ќе се користат за да ни помогнат во тековната истрага.

Како да учествувате? За да го споделите вашето искуство, се што треба да направите е да го пополните овој формулар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.