Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани

Објавено на 14 октомври, 2024 во 12:19

Неколку недели пред изборите во САД, Велес прашаме што се случува со „фабриките“ за лажни вести што во 2016 година се сметаше дека сериозно вплеткаа прсти во изборната кампања преку океанот. Македонија ја ставија на листата земји „производители на лажни вести по нарачка“ со „тинејџери-фармери со кликови“, како што ги нарекоа младите велешани кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи. Но, овој пат се чини, локалните компјутерџии, користејќи се со шеми на виртуелни пари и апликации, решија попрво да ги испразнат џебовите на своите сограѓани, доведувајќи го регионот на центарална Македонија и пошироко во ризик од финансиска нестабилност, внесувајќи ги во „Конти“ пирамидата.

Цели групи вработени во разни институции – болница, училишта, општина, па дури и луѓе од полицијата, влегоа во играта на кликови за холивудски филмови, во која некои вложиле 50 или 100 долари, но голем е бројот на тие што дале од 1000 до 3000 долари. Дел од овие луѓе земале дури и брзи кредити за да се вклучат во шемата. Но по затворањето на апликацијата и губењето на влоговите, никој нема одговор – дали  граѓаните на Велес, но и на неколку околни градови, толку брзо ја заборавија големата афера ТАТ, во која над 13.000 луѓе загубија 60 милиони евра, а над стотина се самоубија.

Млади и стари „вљубени“ во Конти

Десеттина дена пред да падне апликација „Конти“, роднини ја убедиле 64-годишната велешанка да вложи пари и да се вклучи во играта во која само со кликови на интернет може брзо да заработи пари. Таа поверувала во приказната дека со лајкови на филмови ќе го зголеми рејтингот на Холивудската продукција, која за возврат финансиски ги наградува гледачите, па уште во првите 25 дена ќе си ја врати вложената инвестиција од првиот, најнизок понуден пакет, а потоа ќе почне да заработува. Од таа заработувачка ќе може да инвестира во втор, трет и наредни понудени пакети, на истата интернет платформа, кои се продаваат за повисоки цени но нудат и поголема добивка – до три пати повредна од влогот, во период од вкупно 75 дена.

Не ми пречеше тоа што пред да се регистрирам на интернет платформата,  во менувачница ги дадов податоците од личната карта, за да се регистрирам на „Бајненс“ (Binance) платформата за тргување со криптовалути. Се регистрирав и на Телеграм и отворив личен профил на апликацијата во која стартував со влог доволен за првиот пакет. Започнав да кликам на филмови. Не претчувствував ништо спорно и лошо. Кликот на филмот носеше заработувачка. Значи гледаш најави на филмови, ставаш лајк и заработуваш. За жал, мојот првичен влог од 50 $ не го вратив туку ги загубив финансиските средства, рече велешанката.

Додека разговаравме, со оваа жена, ја отворивме апликацијата за таа да ни покаже како се пристапува од отворениот личен профил. Се најави, влезе на платформата во одбележан пакет кој и даваше можност да кликне на пет филмови, таму каде што има емотикон во вид на срце. Потоа се одјави. Разговорот со неа го водевме 72 часа откако на социјалните мрежи беа споделени првичните информации дека пирамидалната игра Конти доживеа крах.не го вратив туку ги загубив финансиските средства, рече велешанката.

Како работи Конти?

На македонските членови им се понудени три различни пакети што чинат од 50 до 500 долари. Циклусот на враќање на средства трае 25 дена, додека во наредни 50 дена е заработката. Исплата е за 75 дена.

За да се купи пакетот, се купуваат крипто средства во одредена менувачница, која работи со виртуелни валути. Се отвора новачник на Бајнанс. Потоа, следи делот со ставање лајк на холивудски филмови и множење на средствата, што се покажа дека било камуфлажа за измамата. За да се влезе во шемата, новиот член мора да биде поканет од постоечки член.

Верификацијата на профилот е со копија од лична карта и фотографија на ликот со личната карта во рака. Со одобрувањето се влегува во приватна група на Телеграм, каде понатаму се споделуваат сите информации.

За разлика од неа, дваесет и пет години помлад велешанец, успеа во последен момент да си ги врати вложените 1500$. Тој и неговото семејство во Конти се вклучиле 27 дена пред паѓањето на пирамидалната игра, со влог од два пакети од по 750 $.

-За Конти дознав од пријатели уште пролетва кога побараа да ме вклучат. Првично се сомневав во веродостојноста на целиот систем на поставеност на играта. Кога ги добив сите потребни информации почнав да пребарувам на интернет. Пребарувањето ме однесе до седиште на наводен основач на Конти, во Лондон, во Обединетото Кралство. Бидејќи открив дека станува збор за некаква фирма сместена во простор во некој мол категорично одбив, рече велешанецот.

Но тој сепак продолжил да следи што се случува со играта што се чини им го беше поматила умот на голем број негови сограѓани. Во шемата, од ден во ден, почнале да се вклучуваат се повеќе вложувачи, на различни возрасти. Поточно од 18-годишници до луѓе во средно доба. Сосема случајно, како што вели, во деловен разговор со девојка од Свети Николе дознал дека во играта само таа има вклучено десеттици свои сограѓани. Сите тие внесле уште по 10-тина нови играчи, па и тие исто така по 10… Сите со иста цел, да внесат во Конти што поголем број играчи жедни за брзи пари, со влогови за сите три пакети, ВИП од 50$, ВИП од 200$ и ВИП од 500$ или вкупен влог од 750$. Само така нивните прсти можеле да искликаат доволно лајкови што овозможувале за 25 дена поврат на вложените 750$, додека за 75 дена и три пати поголем ќар, односно вкупна заработка од 2250$.

-Тогаш, пријателите, кои први ми понудија влез во интернет платформата, ми  ја прикажаа нивната трикратна заработувачка. Низ градот млади момчиња почнаа да возат нови мотори и автомобили. Професијата ми овозможува секојдневно да разговарам со некој од нив. Нивните споделени искуства ме наведоа на искушение. Потоа некако се надоврза и споделениот настан на интернет, од отворената информативна канцеларија на Конти во Каварадци, како дел од веќе формираната македонска мрежа, којашто во државава пристигнала од Словенија. Се појави и администраторот или еден од двајцата менаџери. Тоа беше млад маж, кој започна да споделува информации на социјалните мрежи. Следев како растеше бројот на играчи во Кавадарци, во Неготино и во Свети  Николе. Дознавав како бројот на велешани се зголемува. Администраторот нудеше гаранции дека станува збор за вложување што носи сигурна заработувачка за работа на интернет, со кратко време поминато во текот на денот, објаснува велешанецот.

Ни нему, ниту на членовите на неговото семејство, не им пречело тоа што освен влогот на финансиски средства, сите ги ставиле на располагање податоците од своите лични карти при регистрацијата на „Бајнансе“.  Пред нив и други велешани ја поминеле истата постапка, во различни менувачници во градот каде што се слевале парите, по 72 часа откако играчите 25 дена ставале лајк на филмови на отворените профили на пирамидалната апликација.

Сите меѓусебе контактирале во затворена група на Телеграм, која во еден момент достигнала до 14.200 членови. Има сомнежи дека не била единствена.

Го отворивме личниот профил на овој играч од Велес и се уверивме дека до ВИП пакетите од повисокото ниво, под кои стоеја суми од 1.000 до 6.000 евра, сепак стигнале само лицата што во Конти се вклучиле меѓу првите. Впечатокот за времето во кое тие мора да се вклучиле во „клик бизнисот“ не наведе на заклучокот дека морало да е некаде на почетокот на 2024 година.

На крајот од зимата, млади велешани раскажуваа за ноќни забави во познат велешки угостителски објект, каде во викендите, млади момчиња резервирале маси на кои задолжително имало шишиња шампањ по цена од 100 евра. Тие не само што го пиеле „пенастото“ туку од него си истурале и на рацете, како некој ритуал за крунисување на заработката од Конти во текот на работната недела.

-Ги набљудувавме за време на забавите. Тие доаѓаа последни и покажуваа екстраваганција, се однесуваа со посебни манири. На пример по испиената голтка или две, следеше полевање на рацете со шампањот од специјална едиција. Прво мислевме дека одново проработила Трамп-индустријата. Но набрзо сфативме дека станува збор за нешто друго, односно дека пак се работи за игри во кои се прават лесни пари. Откако на стеблата од дрворедите во градот и на влезови на зградите се појавија залепени рекламните банери за Конти почна да станува појасно. Бидејќи претходно и за оваа како и за претходните пирамидални шеми, како Каиро или One coint, не се зборуваше јавно,“ објаснува млада девојка од Велес.

Нејзината другарка дополнува дека всушност цела пролет социјалните мрежи, како Инстеграм и Тик Ток, биле преплавени со постови и промотивни видео-клипови за пирамидалната игра наменети за млади, со базични ИТ вештини.

Подоцна, во текот на летото, постовите молскавично се ширеа и преку Фејсбук каде што секому се нудеше дополнителна работа од дома и гарантирана заработувачка.

Една седмица пред Конти да го доживее крахот направивме регистрација и на Телеграм. На почетен влез во апликацијата веднаш стигнаа понуди од педесеттина пријатели кои за добројде ни ја споделија апликацијата Конти заедно со понудата: „Да те внесеме во играва, не е тешко, заработуваш од кликови, вложи 750$ сигурно почетно заработуваш 2250$ а потоа и многу повеќе“.

Тоа беа сограѓани кои за да бидат што поубедливи набројуваа дека во шемата се вклучени голем број од вработените во локални јавни и здравствени институции, приватни фирми и угостителски објекти. Понуди испратија и велешани кои се вработени во Скопје. Овие понуди само ги потврдија првичните шпекулации, од крајот на август, дека во Велес кликањето на интернет апликација за брза и лесна заработка е масовно.

Можноста, пак, за влез во затворената група на Конти на Телеграм, преку креираните профили на веќе искусните играчи, ни помогна да се увериме дека е голем бројот на луѓе со „брзи прсти“ и во Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Штип и Радовиш. Во помал број во шемата учествуваа и гевгеличани и скопјани.

Државните институции не реагираа

Но иако низ централните делови на земјата немаше кој не знае, се чини дека информацијата за лесно богатење на едни за сметка на „олеснување“ на многу други, не стигнуваше до државните институции. Пред околу пет години, кога во САД се одржаа изборите за претседател на државата со кандидатот Доналд Трамп, Македонија заедно со држави како Пакистан и други земји во Азија и во Африка, беше целосно банирана од Гугл и од Фејсбук се додека овие компании не воспоставија целосен алгоритам на заштита. Тие на С.Македонија дури неколку години подоцна ѝ дадоа нова шанса. Изолирањето беше резултат токму на определбата на група млади луѓе наместо своето ИТ знаење да го насочат кон долгорочна и законска заработка, своите вештини и капацитети да ги искористат за брзи пари. Во официјалните податоци тогаш се вртеше вртоглавата бројка од 11 милиони евра кои легнале на сметки на 98 велешани, додека не се познати сумите што се извадени преку офф шор сметки.

Велешани и сега, непосредно пред одржувањето на годинешните претседателски избори во САД, споделија информации дека „Трамп индустријата“ за производство лажни вести од пред неколку години, и натаму калапи брзи пари преку разни бизниси за продажби на производи со ликот на Доналд Трамп, од кои најпозната зделка е продажбата на картичката со неговиот лик. Оваа категорија играчи со брзи пари, препознатлива преку бројни инвестиции со недвижности во Велес, најчесто во станови, влијае врз локалната економија со тоа што ја зголемува вредноста на новоизградените станови во градот, кои стануваат недостапни за останатите жители. Познавачите на овие економски движења тврдат дека дел од капиталот на главните играчи во „Трамп-индустријата“ сега е инвестиран во станови и во Дубаи, каде што некои од нив живеат и работат.

Изданието на американски „Форбс“ од 26 август ја поврзува велешката индустрија за лажни вести со триесетина страни на Фејсбук, што тимот на медиумот ги лоцирал, за продукција и ширење на лажните вести уште во 2016 година за време на претседтелските избори во САД. Сите страни во имињата имаат нешто американско, па додаваат изведени зборови од „патриоти“ „храбри“ „војници“ „американски живот“ и слично, а немаат ништо американско бидејќи се управувани од Македонија, Косово, Индонезија, Индија… Објавите против Хилари Клинтон, тогаш, се смета дека ја помогнаа победата на Доналд Трамп. Сега, повеќето од тие страни на Фејсбук не постојат, но има и неколку активни, како што е „Американски патриот“, која има 203.000 следбенци, а која продуцира речиси неверојатни приказни.

Primary country/region location for people who manage this Page includes:

United States (2)

Kosovo (1)

Pakistan (1)

(Локација на администраторите на ФБ страницата)

Откако беа откриени „македонски фармери за кликови“, пишува Форбс, Фејсбук лансираше функција за да им овозможи на корисниците да откријат од која земја се води страницата, дали има најмалку 5.000 следбеници и дали има објавено политички реклами. Но земјата на потекло на администраторот на страницата често се крие во нејасна табла наречена Транспарентност на страницата, а коментарите на објавите на странските страници на тема Америка сугерираат дека многу од луѓете што се занимаваат со тие објави не знаат дека страниците ги водат странци.

Самите страници на тема Америка, исто така, намерно лажеа. Една објава, направена минатата недела, од страната наречена Америка, денес гласи: „Ниту еден цент за нациите кои не го почитуваат нашето знаме и вредности! ” Страната е менаџирана од Македонија “, објавува Форбс.

Лошата репутација, што ја донесоа овие акитвности на велешките фармери со кликови, уште толку ја засили засега се’ уште непотврденото тврдење на Јавното обвинителство од Венецуела. Претседателот на Националниот изборен совет (CNE) Елвис Аморосо, кој е близок сојузник на долгогодишниот претседател на земјата, Николас Мадуро, потврди дека нападите дошле од различни делови на светот, додавајќи, „со значителна концентрација од Северна Македонија, членка на НАТО и земја кандидат за членство во Европската унија“. Државниот обвинител на Венецуела, Такер Вилијам Сааб, по претседателските избори во неговата земја, рече дека од Македонија бил направен обид за манипулирање на изборните резултати преку хакерски напад во корист на противникот на Николас Мадуро. Мадуро поведе спор до највисокиот суд во земјата, нагласувајќи ја потребата да се заштити интегритетот на изборниот систем од идно мешање. До денеска не стигнаа докази за обвинувањата од Каракас, како што побараа македонските власти, за „никој да не биде обвинуван во државата без соодветни докази“ како што изјави новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Дипломираниот правник од Велес, Стевче Дечев од „Импакт фондација“, многу добро го познава случајот со „Трамп индустријата“ на лажни вести. Новите шеми за наводна заработка преку интернет, Дечев смета дека се само поразвиени облици на веќе постоечките измами од минатото, што според него, покажува дека иако две децении го имаат во рака интернетот, граѓаните и натаму немаат доволно развиена свесност за лична заштита.

-Дел од проблемот дефинитивно го препознавам кај државата, затоа што се’ уште ние тапкаме во место и во светот на ИТ технологијата која би ја поистоветил со „формула 1“, ние влегуваме со „фиќо“. Немаме ниту „Пејпал систем“ за тие што работат легално да можат да си ги префрлат легално заработените пари. Има млади луѓе кои легално работат во ИТ индустријата и отвораат канцеларии во Скопје, а дел ги преселија и во Велес или во други градови во државата. Но државата не ги препознава и не ги поддржува за да им овозможи нивните солидни заработки да бидат предизвик за останатите. Затоа ни се случува да се бараат алтернативни или нелегални начини за стекнување со брзи пари, коментира Дечев.

Велешани се само една цигла во пирамидата

Во вакви околности се покави Конти, или апликацијата за забава и холивудски филмови, како што ја претставија администраторите. Корисниците откако ќе вложеа пари, требаше само да стават лајк на филмови, што се покажа како примамлива мамка. Тоа што на македонските граѓани се чини, се’ уште не им е јасно, а експерти за сабјер безбедност го потврдуваат, е дека се работи за криминална пирамидална шема, во која многумина загубија пари, некои добија, но сите заедно ги оставија своите лични податоци на располагање.

Од 3 октомври, кога сосема престана подигнувањето на средства, на членовите на Конти им беше понудена нова „можност“ да си ги вратат средствата, со нова уплата од 30 до 60 УСДТ (крипто валута – 1 УСДТ= 0,96 УСД). Советник за сајбер безбедност на мрежата Х тврди дека на 6 октомври, салдото на Конти изнесувало 14.000 долари, но веќе следниот ден драстично се зголемило на 153.017 долари.

“Тоа е ден откако администраторите на Конти, наведувајќи наводни проблеми со плаќањето на даноци, ги предупредија членовите дека ќе ги загубат сите пари, а нивните сметки ќе бидат затворени доколку не извршат дополнителни плаќања. Ова е позната тактика и честопати показател дека веројатно се работи за последниот здив на можна пирамидална шема. Само во текот на 7 октомври се направени 10.000 трансакции (со 30 или 60 USDT), па така за само 3 дена, корисниците уплатиле над 2 милиони долари, што потоа се префрлени во паричникот TDKgTRDXgJCnmVrx73zHeAocz6FPXPgBoV, од каде што продолжил трансфер на преку 15 милиони долари кон шест други паричници“, објаснува советникот за мрежата Web3.

Длабинската анализа на овој советник, потврдува дека интернет страната alconti.com е всушност кинеска. За услугата за пошта тие користат облак провајдер Alibaba со седиште во Кина. Личните податоци со копиите од лични карти и селфи фотографиите со документот за идентификација се на облакот (клаудот) за податоци – Амазон С3. Но, според ова толкување на безбедносниот специјалист, Амазон С3 не бил платен за да чува и складира податоците, туку има само дозволи за копирање и бришење датотеки.

„Со тоа тие ги изложија сите нивни лични карти, селфи и други чувствителни информации“, пишува во објаснувањето.

Ниту еден претставник на македонските институции не го потврди ниту го демантира ова тврдење.

Ако се суди по случјот Конти, граѓаните на Македонија лесно ги даваат своите лични податоци, без сомнеж дека може да се доведат во ризик, дури и кога ќе им бидат побарани преку интернет или на импровизиран шалтер или менувачница. Финансиската писменост на населението е толку ниска што речиси никој не се сомнева ниту се грижи за тоа дали нивните адреси, матични броеви или датум на раѓање може да завршат на светкиот пазар за потребите на различен сајбер-криминал.

Сите овие граѓани, за да заработат брзи пари ги отстапиле своите лични податоци уште при регистрацијата на апликацијата. Тоа го сториле за да работат и со втората по големина светска крипто менувачница „Бајнансе“, што е услов за поврат на вложувањето а потоа и за приносот од „жетвата“ на парите или заработката. Освен име и презиме, место на раѓање, адреса на живеење, граѓаните ги отстапуваат и своите матични броеви, и-мејл адреси, па дури и бројот на личната трансакциска сметка. За регистрација се бара и селфи фотографија, со личната карта во рака, како доказ. Податоците се во системот на апликација која со нив раководи и располага.

Елена Стојановска, познавач на дигиталните права и заштитиата на лични податоци погледна во политиката за приватност на апликацијата Конти.

Политиката за приватност, според Стојановска, јасно укажува на тоа дека податоците што се собираат преку оваа апликација се користат само за потребите на администрирање и рекламирање на апликацијата. Во оваа политика јасно стои дека сопственикот на апликацијата не е одговорен за други податоци што ќе бидат собрани офлајн или пак ќе бидат споделени во групи креирани на други платфоми или канали за комуникација.

„Ова укажува на фактот дека копиите од лична карта како метод на верификација воопшто не се побарани од самата апликација. Веројатно станува збор за барање произлезено од корисници кои препорачуваат други или пак за манипулација чија крајна цел е создавање на голема база на податоци. Она што загрижува и што прво паѓа во очи е дека нема никаква информација за тоа дали постои некаков правен легитимитет, или каква било одговорност, па оттука и корисниците немаат каде формално да се обратат доколку се соочат со некаков проблем поврзан со нивните лични податоци“, објаснува Стојановска.

 Не така одамна бевме сведоци на бројни злоупотреби на копии и копии од лични карти, поврзани токму со финансиски измами. Едни од првите прекршоци, според новиот Закон за заштита на личните податоци, беа изречени кон финансиски друштва што имаа издадено брзи кредити на лица кои приложиле туѓи лични карти.

„Сметам дека станува збор за немање култура на приватност, свест за можни несакани последици и воопшто однос кон приватното, наспроти желбата да се дојде до добивка. Ретко кој од нас разбира дека нашите лични податоци за некого вредат многу повеќе од која било вложена сума пари“, додава Елена Стојановска.

Институциите се затекнати

Системот на комуникација преку апликации на интернет, уплата преку крипто валути и паричници, создава паралелен систем, во кој речиси ги нема надлежните институции. Во деновите пред да „пукне“ Конти, никој од претставниците на институциите на кои им се обративме, немаа никаква информација за активностите на граѓаните преку апликацијата. Од секаде добивавме ист одговор: „Немаме надлежност, нема закон, ова е сива зона, се’ е на совест и одговорност на граѓаните кои работат со своите пари“.

Иако се најавуваше уште во 2019 година, Македонија нема закон со кој се регулира работењето со криптовалути. Но, има закон со кој се следи текот на парите – Законот за перење пари, каде надлежност имаат неколку институции. Во случајот со Конти може да се во прашање илјадници евра, кои преку крипто валути се одлеани некаде во странство.

Во разговор со некои од експертите за безбедност, ни беа посочени безбедносните институции како Агенција за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како должни да ги следат сите дисторзии во општеството, вклучително и тоа што може да го донесе финансиската измама преку пирамидални шеми, како што се чини дека е Конти.

Народната банка на РСМ за прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата информира дека не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство.

„Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано. Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата држава, односно не е дозволено да се плаќа со крипто-средства. Согласно со постојната регулатива, плаќањата можат да се вршат во домашната валута ‒ денарот. Крипто-средствата не се депозити, не се гарантирани и не постои механизам преку кој клиентите ќе бидат обесштетени. Оттука, ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот којшто издал некое крипто-средство, не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства. Ова е една од причините поради кои вложувањето во крипто-средство се смета за високоризично.Тековно, Народната банка нема надлежност да го регулира создавањето, поседувањето или тргувањето со крипто-средствата од страна на домашните економски агенти. Таа нема никаква надзорна улога во врска со крипто-средствата“, пишува во општите информации на сајтот на НБРСМ.

Конкретно, за случајот со влоговите на граѓаните во Конти, на нашите прашања од Централната банка одговорија дека институцијата не е регулатор на издавачите на крипто средства, ниту пак на давателите на услуги поврзани со овие средства.

„Имајќи ја предвид актуелноста на оваа тема на глобално ниво, а со цел обезбедување поголема заштита и информираност на јавноста за ризиците поврзани со крипто средствата, како и минимизирање на ризиците по финансиската и макроекономската стабилност, Народната банка со посебно внимание ги следи иницијативите на глобално ниво за регулирање и воспоставување надзор над издавањето и тргувањето со овие средства и за обезбедување транспарентен и регулиран пазар“, стои во одговорот од Народна банка.

Закон со кој ќе се регулира употребата на криптовалути, најави премиерот Христијан Мицкоски на почетокот од септември:

– Во следниот перид ќе излеземе со законска регулатива со која сето оваќе биде регулирано и ќе значи повеќе приливи во Буџетот, што ќе може да ги користиме за капитални проекти – рече Мицкоски.

Без законското решение, крипто средствата остануваат во финансиската сива зона.

Тогаш, кој да ги заштити граѓаните?

Најчестиот одговор што го добивавме од институциите за тоа кој треба да реагира, е дека постапуваат по пријави од граѓаните.

Во Секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи, како што одоговорија, до сега нема ниту една пријава за потенцијална измама. Од МВР советуваат „доколку сте наумиле да користите апликации и платформи за инвестирање и други финансиски услуги, задолжително извршете пребарување и истражување на интернет за апликацијата или платформата, за искуствата на претходни корисници, како и за какви било акредитации и регулации.“

„Секторот за компјутерски криминал постапува и по други пирамидални шеми од овој тип, нашата истрага е насочена кон истражување на текот на парите. Институцијата што го следи ваквиот начин на финансиско работење е Управата за финансиско разузнавање“ информираат од МВР.

Во Управата за финансиско разузнавање велат дека се постапува по пријави, иако го следат текот на парите. Конкретна акција не е покрената. Останува на свесноста и одговорноста на граѓаните каде ќе ги вложуваат своите средства.

Деновиве често се слушаат ставови дека и Јавното обрвинителство треба да покрене истрага по допрен глас. Меѓутоа, како што објаснува портпаролката на Обвинитеството, Билјана Арсовска, допрен глас подразбира информација во која има потенцијално дело, посочен извршител и оштетен.

„Во случајот со Конти не е познато кој и дали измамил, кој е измамениот. Обвинителството постапува во случаи и дела опишани во Кривичниот законик“, објаснува Арсовска.

Како и до МВР и до Обвинителството нема никакви пријави до 7 октомври 2024, кога е работен овој новинарски текст.

Но раскажувањата од граѓани кои загубиле пари и не успеале да ги ги вратат влоговите е многубројни. Некои од нив дури и дополнително се задолжувале, земале тнр. „брзи кредити“, што уште повеќе им ја отежнува финансиската загуба.

Според универзитетскиот професор по социологија и филозофија, Трајче Стојанов, овој случај е само уште една потврда за тоа дека населението во С.Македонија е со многу ниска финансиска писменост и дека многумина инвестираат од очај.

„Има две причини – 40 отсто од населението со високо образование се исели во странство. Кај тие што останаа, сериозно недстасува финансиска писменост. Има и економски мотив од очај – тоа зборува дека луѓето се очајни за пари. Доказ е постоењето на десетитици, стотици обложовалници низ градовите. Тоа е очај за финансиска сигурност и наместо овој очај да се трансферира во бизниси, поради финансиска неписменост влегуваат во финансиска нестаблиност“ оценува професорот Стојанов.

Колку тежи очајот?

Ако се суди според бројноста на најголемата групата на Телеграма, што ги обединува членовите од Македонија, 14.200 луѓе имаат вложено во Конти. Тука не влегуваат и одделните помали групи на оваа апликација. Точната бројка на членови не може да се знае, бидејќи се работи за паралелен систем, кој нема никаква врска со институциите. Наспроти уверувањата од претставниците на Конти дека станува збор за водечка светска компанија во светот во филмската и телевизиската индустрија, целата комуникација и случувања се скриени од јавноста во затворени канали во апликацијата за телекомуникации Телеграм.

Македонската група на Телеграм е гранка на таа од Словенија, каде, според Радио телевизија Словенија, има 11.000 словенечки членови, кои уплатувале влогови до 3000 евра. Апликацијата на Конти во Словенија, преку која се работи, е симната повеќе од 120.000 пати.

Митја Ватовец, експерт во областа на информатичката технологија од компанијата „Емигма“ за РТВ Словенија предупредува дека апликацијата најверојатно потекнува од Азија, каде што е создадена за препродажба на оние кои потоа ја користат.

„Тоа е класична Понзи шема со која секој треба да биде запознаен денес. И ако корисниците копаат малку подлабоко пред да стримуваат таква апликација, ќе видат дека пред неколку месеци имаше коментари дека тоа е измама“, предупредува Ватовец.

Пирамидалните шеми се систем каде новиот член со својот влог го исплаќа претходниот. Се’ додека има нови членови, пирамидата расте и во еден момент кога нема нови уплати и нови членови, системот паѓа. На почетокот тој што внесува средства може да си ги врати парите, што го стимулира пак да вложи, но може и тука да застане, како што сведочат некои од нашите соговорници.

Добро е што успеав да си го вратам влогот со ситна заработка“, ни изјави еден од членовите од Радовиш.

Првите во пирамидата се тие што најмногу заработуваат, додека сите останати се губитници. Кои се тие првите, никој не знае, се гледаат само кодовите на нивните паричници, бидејќи исплатата на средства се врши во крипто средства. Со тоа, потенцијалните измамници се целосно заштитени.

На Бајнанс, каде се паричниците на членовите на Конти, се гледа дека на 3 октомври, кога „падна“ пирамидата и не можеше повеќе да се повлекуваат средства, се направени четири поголеми трансфери кон еден паричник. Префрлени се два милиони евра. На кого – останува мистерија.

Конти тврдат дека се компанија со седиште во Велика Британија, но кога ќе се отвори нивниот профил на Фејсбук, во делот за тренаспарнентност се гледа дека е управуван од луѓе од Кина и Обединетите Арапски Емирати, две земји познати како лулка на пирамидалните шеми со копчиња и рај за крипто измамници.

Ниту една информација за Конти не може да се најде на интернет, освен на веб-страницата alconti.com и профилите на социјалните мрежи на Конти. На едно од видеата што се вртат на Фејсбук се гледа објава за финансиски резултати на Јаху финансии. Со едноставно пребарување се наоѓа објавата на Јаху за Конти од јули годинава, но на крај од подолгиот текст се гледа дека е платено соопштение и линк, кој води до сајтот alconti.com. Вакви соопштенија за пари се објавуваат дури и во најугледните финансиски медиуми.

Анализите на експертот од Web3, ја потврдуваат претпоставката на Ватовац. Интернет страната alconti.com е со регистрирана во Рејкјавик, Исланд на адреса каде се регистрирани бројни интернет страни, кои продаваат домејни, како што е namecheamp.com.

За услугата за пошта, Конти користи облак на провајдерот Alibaba со седиште во Кина.

Словенечкиот медиум siol.net, изнесува информации дека Конти е поврзана со влијателниот политичар од Камбоџа, член на владејачката Камбоџанската народна партија, поранешен сентатор и бизнисмен со кинески корени – Јонг Фат. Минатиот месец, САД воведоа санкции за Јонг Фат и неговиот конзорциум LYP Group.

На американската „црата листа“ Фат и конзорциумот се поради принудна работа поврзана со инвестициски измами прекиу интернет, кршење на човековите права и трговија со луѓе. Фат е сопственик на конзорциумот LYP Group, преку кој управува со неколку компании во Камбоџа во областа на енергијата, тутунот, угостителството и коцкањето.

„За личности од кинеското криминално подземје, Камбоџа е идеална локација за извршување на такви измами. Кинезите добиваат виза за влез во земјата при преминувањето на границата, што значи отсуство на долги процедури, во пракса, во Камбоџа, иако официјална валута е камбоџанскиот рил, главната валута е американскиот долар, кој е идеален за перење пари, а Камбоџа исто така не е евклучена во Заедничкиот стандард за известување (ЦРС) усвоен од ОЕЦД во 2014 година. Тоа е важен дел од откривањето на даночното затајување и, следствено, на меѓународната борба против финансиските измами, која вклучува и пирамидални шеми“, пишува Siol.

Конти практично ги има сите карактеристики на класична пирамида или Понзи шема, т.е. дава ветувања за висока дневна заработка, повици за регрутирање нови членови, нема никакви информации за сопствениците или менаџерите и тврди дека работи со познати компании кои не можат да се најдат на друго место освен на веб-страницата на Конти.

Промотивното видео од официјалниот канал на YouTube на Conti Entertainment, за кое се тврди дека е од конференција на Конти во Лондон, што се споделуваше деновиве низ социјалните мрежи и профилите на македонските корисници, според проверувачите на факти, е направено во хотел во Колумбија. Дел од ликовите што се појавуваат се актери од реклами.

Пропаѓањето на пирамидалната штедилница ТАТ, пред скоро три децении, остави длабоки траги во македонското општество. Штедилницата од Битола, што ја водеше Соња Николовска се сметаше за економско чудо, а штедачите беа понесени од високата камата, и до 30%. Во пирамидалната штедилница на Николовска 13.000 луѓе загубија 60 милиони евра, а се смета дека над 100 луѓе извршија самоубиство.

Соња Николовска одлежа казна затвор од 3,5 години за затајување данок, а други виновници не беа утврдени. Му се судеше и на вицегувернерот на Нардоната банка на Македонија, Томе Неновски, за злоупотреба на службената положба и овластување, меѓутоа, не беше осуден. Нерасветлена остана аферата во која наводно ноќта пред да влезе полицијата во штедилницата во 1997 година, висок владин функционер, „министер во тренерки“, како што го нарекуваа, изнел црни вреќи со пари. Со години трааше обештетувањето на штедачите.

Претходни измами

Пирамидалните шеми како еден начин на организиран криминал од време на време никнуваат на разни страни во светот. Во 2017 година беше Onecoin на Финецот Кари Валрос, кој неофицијално се сметаше за десна рака на главната организаторка на измамата, Ружа Игнатова, Бугарка со германски (и веројатно некој друг) пасош. Бараната од ФБИ, Игнатова исчезна од јавниот живот есента 2017 година, заедно со неколку милиони долари од луѓе од Западен Балкан и пошироко.

Следеше пирамидата Bitconnect, па GainBitcoin и PiCoin. Измамени беа луѓе кои живеат за пари стекнати без мака, преку телефон, со надеж дека еден ден ќе ги заменат во менувачница за крипто. Но поверојатно е дека ќе останат со долг за земениот брз кредит со висока камата и блокирана трансакциска сметка.

По најновата пирамидална измама во централниот дел од Македонија, се почести се слушаат повици дека државата и нејзините институции треба да ги предупредат граѓаните на внимателност. Во Египет на пример, владата во август издаде четврто предупредување до своите граѓани за ризик од измами со крипто средства на интернет. Египет е една од државите, чии граѓани повеќе пати губеа пари во интернет пирамидални штедилници. Канада,пак, преку Центарот за борба против измами (CAFC) и Канадската инвестициска регулаторна организација (CIRO) исто така предупреди на внимателност од измами. Во САД, на пример, на интернет има регистри со онлајн пирамидални измами со податоци за тоа кој е измамникот, ако е познат, но и колку средства се до сега загубени во шемите.

Кај нас, институциите деновиве или беа затечени до непознавање, или воопшто не беа заинтересирани да реагираат со предупредување, повик за внимателност или каква било кампања. Граѓаните што умеат да водат грижа за својата финансиска безбедност велат дека вложувањето во крипто средства не е ништо поинакво од купувањето акции или обврзници – но треба да знаеш што купуваш и кога да продадеш. Се’ друго се шарени лаги.

Авторки: Убавка Јаневска и Весна Коловска

фотографии и принт скрин: Freepik, ФБ и интернет

Оваа истражувачка сторија е во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“, поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени во оваа сторија се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด