Работничките права постојано прекршувани, работниците ја бараат „светлината на крајот од тунелот“

Објавено на 1 март, 2022 во 11:20

Неисплатен регрес за годишен одмор или популарно наречен К-15 не добиле 17,9% , работа за време на викенди не им е платена на 14,1%, а за време на празник  на 12,8% од работниците во Вардарски регион кои одговорија на анкетата на Дума.мк. Од нив 11,5% примаат помал износ од договорената плата со работодавачите и исто толку трпат мобинг на работните места. Ова се најчестите прекршувања на работничките права со кои се соочуваат или се соочиле работници во општините Велес, Свети Николе, Кавадарци, Лозово и Градско и за кои напишаа во анкетата на тематскиот повик „Споделете го вашето искуство за работничките права“, објавен на Дума.мк. Своето искуство на темата го споделија вработени во државни и локални институции како и приватни фирми во пет од вкупно деветте општини во централниот дел на државата.

Фото: Резултати од анкетниот прашалник на Дума.мк
Фото: Резултати од анкетниот прашалник на Дума.мк

Најголем дел од испитаниците, поточно  58,3% , одговорија дека работат осум часови во денот, но 25% работат и по 12 часа додека за 16,7% работниот дел од деноноќието изнесува помеѓу девет и 10 часови. Дури 58,3% од работниците напишаа дека прекуврементата работа не им била исплатена во месечната плата додека 25 % сеуште работат „на црно“, без да бидат осигурани поточно за нив работодавачите да плаќаат придонеси за ПИО и за здравство. Дека работат во несоодветни условите одговорија 62,5% и 12,5% одбија да одговорат. Исто така   редок пример е добивањето на слободни денови како и користењето на правото на годишен одмор.

Фото: Резултати од анкетен прашалник на Дума.мк

На прашањето, во услови на ковид пандемија какви заштитни средства им  обезбедија работодавачите,  21,7% од анкетираните одговорија дека сами си ги  купувале сите потребни, лични средства за заштита затоа што добиле минимални количини на дезинфекциски средства и по некоја заштитна маска. Некои од работодавачите оделе дотаму што на своите работници, за овие две години, откако трае пандемијата, им дале само по две платнени маски. За 25% од испитаниците инфицирањето со коронавирусот завршило со неплатено додека на 12,5 % газдите им дале платено отсуство но 41,7% биле приморани да користат боледување што значи помал износ на плата, скратен стимул, редовност и слично.

Фото: Резултати од анкетен прашалник

Генерално, 35,7% од работниците прекршувањата на правата од Законот за работни односи ги пријавувале во Сојузот на синдикати на Македонија или на Трудова инспекција додека 28,6% на граѓански организации. Загрижува фактот што само 6,2 % од анкетираните повеле судска постапка и ниту еден од нив досега не стигнал до пресуда. 

Фото: Резултати од анкетен прашалник на Дума.мк
Фото: Резултати од анкетен прашалник

„Цела инспекција е поврзана со работодавачите кои никогаш не се казнети.  Газдите секогаш знаат кога во фирмата ќе влезе инспекција и ги штелуваат работите во нивна корист“, напиша испитаник од Велес.

„Не се преземаат мерки оти законите не функционираат“, напиша испитаник од Свети Николе.

Фото: Резултати од анкетен прашалник
Фото: Резултати од анкетен прашалник на Дума.мк

Во анкетата 70,8% од испитаниците се жени и 29,2 се мажи. Од нив 54,2% се вработени на неопределено,  20,8% на определено време и 25 % работат на црно. Од вкупниот број на испитаници 62,5% работат во Велес, 20,8% во Свети Николе, 8,3 % во Кавадарци и по 4,2 % во Лозово и во Градско.

Највисок процент од анкетираните или 62,5% се на возраст од 30 до 50 години, 29,2% од 51 до 64 години додека 8,3% се помеѓу 18 и 29 години.

Дури 62,5% од испитаниците работат во приватни фирми додека 33,3 % се вработени во државна и 4,2% во локална администрација.

Истражувачки тим на Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.