Афористички поздрав: „Откако за луксузна стока ги прогласија кондомите – сега и сексот за многу луѓе претставува луксуз“

Посакувајќи и убав ден и убава,плодна работна недела на публиката на Дума.мк афористичарот Никола Бошковски Коки и ги испраќа следниве шест нови афоризми:
-Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг.
-Поголемиот дел од пензионерите од владата добија зголемување на пензиите онолку, колку што можат да ја отворат устата.
-Современите домаќинки својот дом го средуваат со разно-разни автоматски апарати, единствено својот сопруг го средуваат „рачно“.
-Откако за луксузна стока ги прогласија кондомите и ја зголемија нивната цена, сега и сексот за многу луѓе претставува луксуз.
-Додека тој „блееше” на состаноците, пријателите дома му ја мрсеа волната.
-Политиката навистина може да направи чуда: од неуки и ментално ограничени луѓе во состојба е да создаде професори и доктори на науки.
КОКИ
