Ансамбл „Керамичар“ со фолклористи од малите групи замина во Сакарија (Видео)

Објавено на 21 април, 2025 во 13:15

Дваесет и осум млади фолклористи, заедно со членови на Управата на Ансамбл „Керамичар“ и медицинска екипа, вчера вечер, заминаа од Велес во областа Сакарија во Р.Турција. Целта на нивното патување е учество на Меѓународен фолклорен фестивал за деца. Велешките културни амбасадори ќе ги претстават македонскот фолклор, традиционална музика и песна на познат Меѓународен фолклорен фестивал како во Турција така и во Европа којшто го слави Денот на детето како и националниот празник на државата, рече претседателот на ансамблот Томе Јаневски. Тој ја предводи културната, фолклорна делегација која ќе има за задача на фестивалското дефиле и на уште три концерни настапи да ги брани македонско велешките бои на фестивалот.

Дума.мк пред поаѓањето на ансамблот за Турција сними краток разговор со Томе Јаневски  во којшто објаснува за каков вид на фолклорен фестивал станува збор и за настапите на фолклористите.

Дума.мк им посака среќен пат и успешни настапи на младите велешки фолклористи во Турција.

Младите велешки фолклористи во Турција ќе останат до петок, 25 април. Поточно познатиот Меѓународен фолклорен фестивал „Сакарија“ го носи истото име како и покраината којашто се наоѓа во северозападниот дел на Турција, близу градот Истанбул. Административен центар на овој вилаетот е градот Адапазар. Станува збор за турска покраина со 835 222 жители која што се простира на површина од 4895 км.

Последна вест од патувањето на фолклористите на Ансамбл „Керамичар“ е дека тие денеска во 14: 00 часот пристигнаа во Сакарија. Сите се сместени и сега одмараат од долгиот пат.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.