Бошков – Коки: Шест нови афоризми за многу насмевки на овој празничен ден Св. Никола

Нека овој прекрасен празничен ден биде исполнет со многу насмевки и љубов. Вечна слава Св.Никола и Вечно име на сите читатели на Дума.мк. Уживајте:
-Сопругата на мојот сосед не се лути затоа што тој постојано се враќа дома пијан, туку што не се враќа дома кога е трезен.
-За да не му биде тешко во бракот, тој се определи за лесна жена.
-Тој е добар енигматичар, но во бракот други му ги решаваат проблемите.
-Некој спортистки се најсреќни кога ќе успеат да го пиложат тестот…на гинеколошкиот преглед.
-Со шефот најпосле го изнајдовме нашиот заеднички јазик: оној на секретарката.
-Добрите автомобилисти почесто ја менуваат гумата во креветот, отколку на патот.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
Тимот на Дума.мк : „Вечна слава и Вечно име Никола -Коки, биди ни жив, здрав и уште долги години да ги прославуваш во кругот на семејството и пријателите. За многу години!“
