Испијте го попладневното кафе читајќи ги афоризмите на Бошков

Објавено на 29 ноември, 2021 во 15:49

Велешанецот Никола Бошков – Коки секој понеделник има иста цел, да ве насмее преку неговите афоризми. Прочитајте ги и за момент побегнете од секојдневните проблеми и грижи:

-Во бракот каде жената е прва виолина, на мажот единствено му преостанува да ги свртува нотите.

-Мажите секогаш ги гледаат жените во нозете,но никогаш не можат да го предвидат нивниот иден чекор.

-Секој е ковач на својата среќа, но малкумина од нас можат да се пофалат дека се добри ковачи.

-Убаво е кога во љубовта ви цутат розите ,но жално е кога џунџулето ќе ви овене.

-И медениот месец не е веќе она што беше: сега се се сработува многу порано.

-Не барајте жена која умее да ги стиска парите, туку-нозете.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.