Издумани Крлевизми: „Ако свекрвата е нервозна, значи снаата пак направила нешто модерно“
Објавено на 20 декември, 2024 во 09:30
Десет афоризми, за релаксиран ден и секако мирен и спокоен викенд, ви напиша афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски.
„Од бабини приказни дедо не се плаши.“
„Во зима никогаш не сум надвор од себе. Зимурлив сум!“
„На вистинскиот пат нема лажни луѓе.“
„Двоен морал е уметничко име за неморалот.“
„Глупостите се размножуваат со проста делба.“
„Не се смеам на туѓа сметка. Си имам своја..“
„Ако свекрвата е нервозна, значи снаата пак направила нешто модерно.“
„Среќата не се чека – рече мрзеливецот и легна под дебелата сенка.“
„Во женските лаги веруваат само мажите. Тие, кои не лажат.“
„Денес љубовта се докажува со материјални докази.“
Вашиот, Атанас Крлевски