Издумани Крлевизми: „Да не бев интелектуалец ќе верував барем некогаш. Вака, се сомневам секогаш“
Објавено на 15 ноември, 2024 во 12:02
Прочитајте ги десетте афоризми коишто денеска за Вас, читателите на Дума.мк, ги објавуваме и чии автор е афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски.
„И судот на историја секогаш не е праведен.“
„Пожар од две вжештени глави, тешко се гаси.“
„Си измислува непријатели… за оправдување на грешките.“
„Пеењето во кафез е сокривање на вистинската расположба на птицата.“
„И лошите имаат најдобар.“
„Да не бев интелектуалец ќе верував барем некогаш. Вака, се сомневам секогаш.“
„Во некои кралства кралот е дворски будала.“
„Чесниот не може да има расипана фантазија.“
„Од три милијарди жени на земјава ја одбрав неа и… не ѝ се погодив.“
„Давам сѐ од себе за да земам сѐ за себе.“
Атанас Крлевски