Издумани Крлевизми: „Јас сум за 24/5. Не е лесно седум дена ништо да не работиш!“

Објавено на 25 април, 2025 во 09:25

Афоризмите за овој петок на велешкиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски за читателската заедница на Дума.мк гласат:

„Предуслов да бидеш среќен во животот е безусловно да ги сакаш луѓето.“

„Мрзеливоста останува неизлечива болест. Медицината не ја изучува.“

„Во моите кругови сѐ е под конец!“

„Мојата мрзливост не е убава, ама е шармантна!“

„Со жените имам разбирачка. Им дозволувам да ме разберат на почек!“

„Јас сум за 24/5. Не е лесно седум дена ништо да не работиш!“

„Гола вистина: живееме во свет на лаги!“

„Рушам рекорди како од шега. Неславни!“

„Флертот е како одење по мраз. Лесно можеш да се лизнеш.“

„Наградите не ми значат ништо, кога ги добиваат други.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.