Издумани Крлевизми: „Молчам гласно. За да ме чујат.“

Објавено: 21 ноември, 2025, во 10:45 часот

Нови десет издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк. Овој пат велешкиот афористичар Атанас Крлевски доаѓа со сосема нова серија — поинакви, поостри и поразиграни афоризми.

  1. Грешам – значи постојам!
  2. Моите сугестии не се наредби. Можете да ги прифаќате и одложно!
  3. Некогаш бев елита, а денес немам шанса. Сеуште имам манири.
  4. Престижот не е борба туку работа и задоволство од работата.
  5. Во животот игри на среќа, а во песната: „Среќата со пари не се купува“.
  6. Крена глава од паѓање на колена.
  7. Ветувањата за мед и млеко биле лук и вода. Сега јадеме жетварска.
  8. Комшивката ми фрлила око. Сега сум сигурен дека е слаба со видот.
  9. Молчам гласно. За да ме чујат.
  10. Во секој кадар некадарни кадри. Модерно време!

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.