Издумани Крлевизми: „По добивањето функција следи поплава од нови пријатели“
Објавено: 10 јули, 2026, во 09:34 часот
Најновите 10 афоризми на афористичарот и сатиричар Крлевски гласат:
„Тештата е како професор што шири непотизам. На консултации ја прима само ќерка ѝ.“
„Шефот ми ги чита мислите. Знае дека мислам како него.“
„По добивањето функција следи поплава од нови пријатели.“
„Далечинскиот управувач – најголем пријател на современиот човек.“
„Човекот учи додека е жив. Подобро да учиш, отколку да не си жив.“
„Никому не му мислам лошо. Се плашам од реванш.“
„Амбицијо, не ми го криј животот!“
„Обвинет сум за популизам. Освен ближните, ги сакам и далечните.“
„Швалерот е како Дедо Мраз. Ја исполнува секоја желба за подароци.“
„Ако студентот хрчи, треба да оди само на предавањата кои му се интересни.“
Вашиот, Атанас Крлевски


