Издумани Крлевизми: „Потковицата носи среќа. Затоа добро поткованите се среќни“
Објавено: 12 декември, 2025, во 10:47 часот
Десет нови издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Започнете го викендот со насмевка!
-Сакам продолжени викенди. Не мора да трчам по акции.
-Не можат да ми го земат тоа што го знам. Секогаш знам каде ми е главата.
-Потковицата носи среќа. Затоа добро поткованите се среќни.
-Со низок старт стигна до висока позиција, ама со ветер во грбот.
-Животната средина не се чува на маргините.
-Подоброто утре ќе дојде. Утре сабајле!
-Пролет е, а како да е зима. Да не ја донесе една ластовичка?
-Влезе во власта и излезе од сатирата. Имаш власт, врати ја сатирата!
-Нападот со напад се избива.
-Одамна сме на дното. Веќе стекнавме и станарско право.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк


