Издумани Крлевизми: Жените ми се судбина. Јас и живеам на улица “8 март”!

Објавено на 8 март, 2024 во 09:13

Со триесет издумани „Крлевизми“ денеска афористичарот Атанас Крлевски им го честита 8 Март – меѓународниот ден на жената на сите читателки на Дума.мк како и на сите Велешанки. Прочитајте ги:

  1. Жената е како апстрактна слика. Колку повеќе ја гледаш – помалку ја разбираш.
  2. Една жена – цвет, две жени – букет, три жени – цветен пазар!
  3. Жените се убедени дека на Земјата долетале од Венера со вселенски брод, а мажите – паднале од Марс.
  4. Жените најмалку зборуваат во февруари. Има најмалку денови.
  5. Жени, слушајте ги мажите секогаш! Секогаш, додека спијат.
  6. Не тагувај за љубовта на жената која те напуштила. Ако го нема цветот, го нема и мирисот.
  7. Жените ќе го спасат светот! Моментално се на фризер.
  8. Зборувам што жена ми мисли. Значи постојам!
  9. Во животот на мажите, секој трамвај наречен желба, го управува жена.
  10. Со жените е како мечка кога се жени: и врне и сонце грее!
  11. Жена ми ме следи во чекор за да ме фати во расчекор.
  12. Парите треба да се трошат разумно. Затоа жените пронашле алтернативни решенија.
  13. Жената заборава што зборувала пред пет минути, но зарем некој може да запамети цел роман?!
  14. Сакам жени затворени во себе. Можеби се бисерни школки?
  15. Сите кафемуабети жените ги водат зад затворени врати. Затоа и издаваат званични соопштенија.
  16. Патот до современата жена е поплочен со кредитни картички.
  17. Некои жени се неосвоиви тврдини, се додека некои мажи не станат Тројански коњи.
  18. Ако жената го множи мажот со нула, набрзо ќе го дели со два.
  19. Жена ми многу ме сака. Најмногу на Балеарите.
  20. Додека мажите се вртат околу жените, жените го вртат светот.
  21. Женската убавина е менлива, освен во прво лице – еднина.
  22. Не ја носете жената в раце! Лесно ќе ви се обеси на вратот.
  23. Не верувајте им на женските солзи! Можеби се од кромидот на запршката!?
  24. И вајарот не сака жени со камено срце.
  25. Сакам жени кои не знаат што сакаат. Мене само такви може да ме сакаат.
  26. Сите жени се поубави на фотографии. Таму молчат.
  27. Ако жената е учебник за мажите, сакам да учам од различни учебници.
  28. Многу жени побрзо го избрале сопругот отколку свадбениот фустан.
  29. Откако се оженив не верувам во хороскоп. Лав сум, а молчам како риба.
  30. Жените ми се судбина. Јас и живеам на улица “8 март”!

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.