Издумани Крлевизми:„Нашето подобро утре веќе е во трето доба“
Објавено на 10 јануари, 2025 во 13:31
На светскиот ден на смеата, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, на читателите на Дума.мк им ги испрати своите 10 афоризми. Вреди да се прочитаат:
„Бракот од љубов е факултет со приемен испит.“
„Нашето подобро утре веќе е во трето доба.“
„Едни од милионери стануваат голтари, а други од голтари – милионери!“
“Ако се китите со туѓи перја, брзо ќе ве искубат.“
„Се заљубувам на прв поглед, а се одљубувам на прва!“
„Тој е прочитан писател. Ги раскажува филмовите од младоста.“
„Залетаните не оставаат трага.“
„Неприродното ни го нудат на природна база. Неприродно!“
„За гола, ама туѓа егзистенција, се борат и презаситените.“
“Нема празни ветувања. Полни се со лаги.“
Вашиот, Атанас Крлевски