Изложба на балканскиот фотограф Рајко Каришиќ во Кавадарци
Објавено на 1 ноември, 2021 во 11:17
Рајко Каришиќ е фотограф од Република Србија добро познат на балканскиот простор по истражувачката фотографија. Овој признат и ценет балкански фотограф е еден од ретките во светот кој има лиценцирана дозвола да фотографира во Хиландар, на Света Гора.
Изложбата е дел од „Кавадаречка културна есен 2021“ а нејзиното отворање ќе се случи утре, вторник, 2 ноември 2021 година, со почеток во 12:00 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.
Организаторот отворањето ќе го реализира со сите предвидени протоколи за Ковид – 19 како што се влез со Сертификат за примени две дози на вакцина додека бројот на присутните гости е ограничен на 50 отсто од предвидениот простор во Галеријата.
Стефани Манева