Изложба на Филип Јовески во Дом на култура Кавадарци

Објавено на 24 јануари, 2023 во 12:41

Изложба насловена како „Боите на мојот град“ на прилепчанецот Филип Јовески,ќе биде отворена утре, среда, 25 јануари, со почеток во 19:00 часот во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Како што вели авторот Јовески, оваа изложба претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слики, искажано преку синергија на двата аспекти од неговото творештво, поточно архитектурата и уметноста.

– Станува збор за дела во голем формат (100/120см, 100/130см, 100/80см и 100/70см). Сликите се работени во комбинирана техника, во текот на  2022 година. На делата претставени се значајни објекти, градски визури и пејзажи од градот Прилеп, соопштија од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Инаку, Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, Магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија, меѓу кои и новата детска градинка во Точила, Прилеп.

Учествувал на повеќе групни ликовни изложби, како и на сликарски и вајарски колонии и интердисциплинарни уметнички проекти. Член е на ДЛУП.

Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.