Коки: „И на овој православен, христијански празник Велигден, многу политичари-христијани не појдоа в црква, не затоа што се атеисти, туку затоа што немаа со што да се чукаат“

Среќни велигденски празници на читателската заедница на Дума.мк и посакува афористичарот Никола Бошков Коки, автор и на следниве седум афоризми, напишани за овој празничен понеделник:
„И на овој православен, христијански празник Велигден, многу политичари-христијани не појдоа в црква, не затоа што се атеисти, туку затоа што немаа со што да се чукаат.“
„Името Господово не треба да ви биде на усните само на овој голем ден-христијански, туку тоа треба за навек да ви биде врежано во вашето среце и душа.“
„На еволуцијата и се поткрала грешка, од мајмуните создала…луѓе.“
„При посетата на Емиратите, нашата Владина, туристичка експедиција, имаше прилика да се увери дека сепак, кај камилите не постојат социјални разлики – сите се грбави.“
„Несомнено постојат мошне ТВРДИ жени, тврди како тврд орев – тешко се кршат.“
„Некои неуки политичари своето образование го надополнуваат полагајќи испити кај ДОГОВОРЕНИ професори, со кого ли, пак…се договараат професорите?“
„Некои атлетичарки се специјалисти за куси патеки, но во креветот претпочитаат…маратон.“
Вашиот, КОКИ
