Концертен спектакл „Приказна за виенскиот валцер“ на Национален музички театар од Софија во Кавадарци

Објавено на 4 декември, 2024 во 09:41

Целовечерен концерт насловен како „Приказна за виенскиот валцер“, во изведба на Национален музички театар од Софија, Бугарија ќе се одржи утревечер, 5 декември 2024 година во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

Љубителите на оперската музика, ќе имаат можност да ги чујат  најпознатите оперски нумери  од Јохан Штраус, Франц Лехар и Имре Калман во изведба на најголемите ѕвезди на музичкиот театар од Софија. На сцената ќе блеснат и балетските солисти, заедно со  оркестарот на музичкиот театар. Диригент е Јули Дамјанов и режисер на концертот е Александар Мутафчијски.

Концертниот спектакал „Приказна за виенскиот валцер“ започнува во 19:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.