Коки со шест нови афоризми, наскоро од печат ќе излезе и збирка насловена „Спортски афоризми“
Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и ова утро ни испрати шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Тој во продолжение ја сподели и веста дека во тек е печатењето на неговата збирка афоризми којашто е насловена како „Спортски афоризми“.
-Да се живее од љубов, не значи дека љубовта треба да се продава.
-Политичките води се мирни се дотогаш, додека некој недоветен политичар со својата неукост и ароганција не започне да ги бранува.
-Многуте брачни двојки ја делат постелата, но не и мислењето.
-Ликовните изложби на некои академски сликари, секогаш се исполнети со мноштво посетители: им изразуваат сочуство на нивните „мртви“природи.
-За секој промашен брак, потребни се најмалку …две жени.
-Адам имал голема среќа што тој бил единствениот маж, впрочем, листот на Ева најверојатно некој друг ќе го пресувал и чувал во хербариум.
Афористичар
Никола Бошков Коки