Шест нови афоризми од велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 26 септември, 2022 во 09:43

Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник одвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:

-Ластовиците одлетаа на југ ама гугуткиве ни останаа дома.

-Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеат „кучешки“ живот: постојано некој на некого…лае!

-Таа не беше сигурна дали со докторот имала однос или тоа било само некаква сеанса со акупунктура.

-Ја почитувам својата сопруга и во секоја прилика и овозможувам предност, особено кога треба да пробам…печурки!

-Англичаните пијат чај затоа што никогаш не пробале наша домашна „ТИКВЕШКА“ ЖОЛТА.

-Нашиот кошаркарски центар побара од управата на клубот да му набави падобран затоа што кога ќе скокне во височина, не може да се врати на паркетот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.