Шест нови афоризми од велешкиот афористичар „Коки“
Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник одвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:
-Ластовиците одлетаа на југ ама гугуткиве ни останаа дома.
-Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеат „кучешки“ живот: постојано некој на некого…лае!
-Таа не беше сигурна дали со докторот имала однос или тоа било само некаква сеанса со акупунктура.
-Ја почитувам својата сопруга и во секоја прилика и овозможувам предност, особено кога треба да пробам…печурки!
-Англичаните пијат чај затоа што никогаш не пробале наша домашна „ТИКВЕШКА“ ЖОЛТА.
-Нашиот кошаркарски центар побара од управата на клубот да му набави падобран затоа што кога ќе скокне во височина, не може да се врати на паркетот.
Афористичар
Никола Бошков – Коки