На ИФАД „Стоби“ настапува битолски театар со претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“

Објавено на 7 август, 2021 во 16:33
Фото: Апла.мк

На сцената „Петре Прличко“ на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во рамките на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2021“ вечерва во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ во изведба на битолскиот Народен театар.

Текстот е по „Бакхи“ на Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, а драматургијата е на Билјана Крајчевска.

Во претставата настапуваат актерите: Маја Андоновска-Илијевска во улогата на Дионис, Огнен Дранговски како Пентеј, а Тејресија ја игра Соња Михајлова.Во улогата на Кадмо е Иван Јерчиќ,Агава-Илина Чоревска, Гласникот –Мартин Мирчевски, Слугата-Васко Марковски,Водачот на хорот-Викторија Степановска-Јанкуловска. Хорот на Бакхите:Валентина Грамосли,Петар Спировски,Сандра Грибовска и Анастазиа Христовска.

Претставата е во конкурнција за една од наградите на фестивалот:Гран при за најдобра претстава, за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.