Изложба за значајни жени во Австрија и Македонија отворена во Ликовен салон Велес
Патувачката изложба „Калиопа Австрија и Северна Македонија, жените во општеството, културата и науките“ која е претставена на 12 паноа и една слика реплика од Емили Флеге вчера беше отворена во Ликовен салон Велес. На изложбата се претставени животни приказни за 48 жени австријки во последните 200 години но и првите четири македонски ликовни уметнички Катја Ефтимова, Борка Аврамова, Лена Стефанова и Кераца Висулчева.
За време не изложбата свој говор имаа Амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер, директорот на Народен музеј Велес Ангел Коруновски како и претставник на ЕВН од Скопје Волфганг Мајер чија компанија го финансирала богатиот четиријазичен каталог кадешто се претставени сите жени од изложбата.
Австрискиот Амбасадор Памер за време на изложбата соопшти дека овие жени се познати писателки, научнички, музичарки, активистки за женски права, политичарки, аристократки, владетелки и уметнички. Според него двете земји имаат и одлична соработка бидејќи голем број на австриски компании, граѓани коишто живеат во Виеана и Австрија како и заедничко минато и културни врски.
Изложбата следно ќе биде претставена и низ другите градови во државата.
Стефани Манева