Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Георгиевски во Ликовен салон Велес
Дваесет дела од творештвото на Владимир Георгиевски, денеска, беа изложени во Ликовен салон Велес. Тој претставува еден од најзначајните македонски уметници кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство.
Јасминка Намичева од Музеј на град Скопје и водител на програмата „Музеум линк“ рече дека и е особено драго што пред публиката во Велес се претставени овие дела од ретроспективна изложба на Георгиевски.
-Оваа изложба денеска ја работиме во соработка со семејството на Владимир бидејќи колекцијата е во нивна сопственост. Изложбата тргнува како патувачка концепција со проектот „Музеум линк“ којшто има за цел во текот на годината да однесе што е можно повеќе изложбени концепции во сите музеи надвор од Скопје. Оваа изложба е позначајна бидејќи прави еден пресек во творештвото на професорот Ѓоргиевски. Тука ги претставуваме помалите формати на слики. Публика би можела да проследи еден извонреден избор од големото творештво на Ѓоргиевски, додаде Намичева.
Овие 20 дела се избор на неговата ќерка Фросина Горгиевска, којашто има избрано и дополнителни 20 дела, поставени во други градови, со што, две различни поставки од творештвото на нејзиниот татко кружат низ државата.
-Денес сме во Велес да го претставиме дел од творештвото на Владимир Горгиевски, мојот татко, можеби на дел од публика познат како еден од македонските сликари и склуптори. Изложбата се содржи од 20 дела во различни техники и ги претставува најчестите мотиви со коишто се работеше мојот татко во неговото творештво. Тоа е животот на човековиот пат проследен со страдање, неговата верба или пак недостаток на верба, убавините на природата од коишто тој најмногу учеше и целиот коментар на општеството и времето во коешто живееше, додаде Горгиевска.
На отворањето на изложбата, беа присутни голем број на велешани. Сите коишто денеска не беа во можност да ја посетат, ќе можат да ги разгледаат делата до 17 мај, среда во Ликовен салон Велес.
Изложените 20 дела во Велес, на 18 мај, веќе ќе можат да ги видат и кавадарчани во ЛУ Музеј Кавадарци, додека останатите 20 дела коишто во моментов се наоѓаат во Музеј на град Свети Николе, од утре ќе бидат изложени во НУ Музеј Гевгелија.
Стефани Манева