Отворена стрип изложба во градската библиотека во Велес (фото)

Објавено на 14 декември, 2022 во 14:01

Најдобрите стрипови изработени на тема „Животот и состојба на ромите“  се изложени во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. За време на стрип изложбата ученици од основните училишта имаа можност да ги погледнат стриповите и да научат повеќе за нив. Ване Трајков извршнен директор на Стрип центар на Македонија – Велес, рече дека за време на конкурсот биле пристигнати повеќе од 100 стрипови.

-Од пристигнатите стрипови ние направивме избор и доделивме повеќе награди. Има стрипови од најразлични карактери како социјални, едукативни, семејни.  Јас се надевам дека во некоја следна прилика ќе успееме да вклучиме повеќе луѓе, да се ангажираат и посериозни цртачи на стрипови со цел да видиме како и другите граѓани во нашето општество гледаат на овој социјален живот на ромите во нашето општество. Јас колку што можев да забележам во стриповите коишто пристигнаа, повеќето го имаа земено социјалниот аспект на ромите меѓутоа тие веќе се инклузирани во нашето општество, ги има во парламентот, во министерство за култура, во образованието. Ромите се инклузираат во нашето општество исто како и другите нации во нашата држава. Јас би сакал народот да види во Македонија, дека тие наши соседи и пријатели успешно се вклопуваат во нашиот секојдневен живот,  додаде Трајков.

Овие стрипови се изработени за време на конкурсот објавен од страна на Стрип центарот на Македонија – Велес.  На стрип изложбата, денеска,  пред присутните беа доделени  дипломи и благодарници на дел од учесниците на конкурсот.

Сите граѓани коишто ќе ја посетат библиотеката овие денови ќе имаат можност во медијатеката да ја погледнат изложбата на најдобрите стрипови и да си земат каталог којшто ги содржи избраните стрипови.

Оваа изложба е завршен дел од Грантот „За нашите соседи и пријатели“, финансиран од страна на проект на УСАИД  за инклузија на ромите и имплементиран од страна на Ромалитико – Институт за истражување и анализа на политика.

Стефани Манева

Фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.