По едногодишна пауза, во август, ќе се одржи Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2021

Објавено на 9 август, 2021 во 14:25

Со учество на фолклорни ансамбли од Врање, Србија и од Ќустендил, Бугарија како и фолклорните друштва и танцови групи од Велес, Битола и Кочани, годинава ќе се одржи XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал  „Велес” 2021. Фестивалот наместо четири ќе има две фестивалски вечери.

Свеченото отворање е закажано во четврток, 26 август 2021 година на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, со почеток во 20:00 часот.

Претходно, ќе се одржи и традиционалното дефиле на учесниците низ улиците во Велес коешто ќе започне во 18:00 часот.

Фестивалот ќе заврши наредната вечер, во петок, на 27 август.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.