По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и меѓународниот ден на музеите отворена изложба во Велес
Семејна документација, писма и слики зачувани од страна на државниот архив на РСМ како и дванаесет портрети на Ангел Петров денеска беа изложени во Ликовен салон во Велес по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев како и меѓународниот ден на музеите. Јасмина Дамјановска раководител на одделение за публикување на архивски материјал рече дека она што можело да се понуди и види на оваа изложба е документација за самото семејство Делчеви, за издигнувањето на Гоце Делчев како идеолог и организатор на македонското револуционерно движење.
-Едни од најважните документи коишто ги поседува државниот архив се всушност оргиналните писма на Гоце Делчев. За него постојат податоци дека се објавени повеќе од 250 писма но ние во наша сопственост имаме 41 писма коишто се пренесени со преносот на моштите во 1946 година од Илинденската организација во Софија. Долго време биле чувани во народно универзитетската библиотека и потоа во 1973 година предадени во сопственост на државниот архив. Она што го сведочат тие писма е неговата посветеност во организацијата односно растот на самата организацијата, додаде Дамјановка.
Таа ,исто така, рече дека архивот имал голема збирка составена од илинденци којашто е зачувана благодарение на законот којшто бил донесен во 1946 година за доделување на илинденска пензија.
-Зачувани се повеќе од 3500 биографии на преживеани илинденци па на тој начин преживеани се и сеќавањата за Гоце Делчев односно овие илинденци биле темелите на организационата поставеност, оние коишто биле раководени од самите војводи во македонското револуционерно движење. Архивот можеше да понуди и огромна документација од неговиоте потомци, така зачувана е документацијата од Велика Чопова неговата внука од сестра. Многу подоцна контактиравме со правнукот на Гоце Делчев, од неговиот чичкото којшто го носи и неговото име. Тој живее во Гевгелија и е академски вајар и има зачувано доста богата семејна архива меѓу кои и лични предмети како дрвен крст, метален крст, бројаница, додаде Дамјановска.
Изложбата беше организирана од страна на ЛУ „Народен музеј“ Велес, Државен архив на РСМ како и Фондација Ангел Петров.
Стефани Манева