Празничен афористички поздрав од Коки

Објавено на 18 април, 2023 во 11:26

Христос воскресе, за многу години! Бидете живи, здрави и среќни. Велешкиот афористичар Коки одвои шест нови афоризми кои со сигурност ќе измамат насмевка на вашето лице. Уживајте!

-БОЖЕ, прости им на нашиве политичари оти не знаат што прават.

-На овие алчни, нечувствителни  и арогантни политичари, посакувам да им ги покажам забите, ама…не знам каде ми се протезите.

-Луѓe, среќата во бракот не ја сочинуваат само материјалните богатства и парите, треба нешто да се има и во гаќите.

-И овој Велигден многумина политичари не ги посетија христијанските храмови, не затоа што се атеисти, туку затоа што немаа со што да се чукаат.

-Честопати на докторите им се случува во работата да им се појави по некоја дупка, но тие умеаат мошне бргу и стручно да ја затрупаат.

-Понекогаш нашите пливачи умеаат пријатно да не изненадат: сите сме среќни кога тие ќе успеат да допливаат до крајот на базенот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.