Промовирана збирката раскази „Една ноќ друга“ на Даница И. Лепојевиќ (видео и фото)
„Една ноќ друга“ на Даница И. Лепојевиќ е првенче на афирмираната поетеса со коешто таа лесно преминува од пишување на поезија во проза. И во досегашното поетско творештво на авторката беше забележливо лесното преминување од поезија во проза што секако и даде мотив да се обиде и во овој литературен жанр.
На промоцијата којашто вчера вечер се одржа во Велес писателот Анде Јанков беше еден од рецензентите на збирката раскази „Една ноќ друга“ на Даница И. Лепојевиќ
Лајф мотивот на „Една ноќ друга“ на Даница И. Лепојевиќ е желбата да бидеш свој, своја, вели Соња Карбева која исто така беше дел од тричлениот рецензентски тим на промоцијата.
За промена е потребна само една ноќ, којшто жената може да ја претвори во друга, нова, магична и поинаква од сите останати рече авторката Даница И. Лепојевиќ.
Збирката раскази „Една ноќ друга“ на Даница И. Лепојевиќ којашто беше промовирана пред многубројна публика на почитувачи и вљубеници во творештвото на авторката ја издаде „Полица“ во првично 300 примероци.
Лепојевиќ досега има издадено три поетски збирки „Сјај, страв и бесни“ во 2016 година,која што на авторката и ја донесе рациновата награда „Антологија на болката, три години подоцна „Пребивалишта“ и третата „Дождови во мај“ издадена минатата година.
По збирката раскази „Една ноќ друга“, Даница И. Лепојевиќ, најавува нова збирка поезија напишана на Македонски јазик и преведена на Англиски јазик, како и уште едно кратко дело планирани да излезат од печат во наредната, 2025 година.
Убавка Јаневска