Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ за весел почеток на 2022 година

Објавено на 4 јануари, 2022 во 10:30

Велешкиот афористичар „Коки“ ни испрати шест нови афоризми со кои Ви ги честита новогодишните и божиќни празници! Започнете ја новата 2022 година со позитивна енергија и многу насмевки ?

-Многумина во животот успеале да постигнат се со една рака : секогаш знаеле кога и за кого треба да ја дигнат раката.

-Оние кои денес безмилосно грабаат и се богатат, несомнено се искомплексираните господа кои во детството немале ниту  денар за џепарлак.

-Откако новиот градоначалник започна да ги чита написите за себе, од почит кон нив си ја симнува капата.

-Секој има право да се прави луд, но имам чуство дека некои политичари тоа право го злоупотребуваат.

-Кој нема таму каде што треба, има во роговите.

-Покрај нашиот одбранбен фудбалер, противничките навални играчи можат единствено да поминат…на носилка.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.