Шест нови афоризми од објавената „Збирка афоризми“ на Никола Бошков „Коки“

Афористичарот Никола Бошков „Коки“ овој понеделник издвои шест афоризми коишто се дел од книгата „Збирка афоризми“ којашто е објавена деновиве. Драги читатели на Дума.мк имате можност да ги прочитате афоризмите и да уживате исто колку и „Коки“ додека ги пишувал.
-Добра вест е кога ќе слушнете дека нашите народни претставници се наоѓаат на годишен -одмор, а лошата…дека се има свој крај.
-Грешките на пешаците не треба да се бришат со автомобилски гуми.
-Во одредени ситуации, некој девојки ја губат невиноста, во истите околности други се збогатуваат со уште едно животно искуство.
-Мракот од очите на жената може да и го отстрани електричарот…особено ако мажот не е дома.
-Не веруваам дека АДАМ очекувал да дојде Есен, за да се увери дали на ЕВА ќе и падне листот.
-За да поседувате трофејни рогови, не е неопходно да набавите ловечка дозвола, треба само сопругата да ви биде убава.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
