„Сите жени се исти, ама… има и добри“, неделен афоризам на Коки

Објавено на 3 октомври, 2022 во 13:24

Октомвриската недела започнете ја со топло кафе но и насмевки. Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки, за вас, повторно издвои шест афоризми коишто сигурно ќе ве расположат. Уживајте:

-Сите жени се исти, ама …ИМА И ДОБРИ!

-Стапувајте во брак секогаш кога електростопанството е во криза, така ќе бидете помалку наелектризирани.

-За новиве мангупчиња што прераснаа во големи олигарси знам се од А до Ш, но што ми вреди кога никој не ме прашува за азбуката.

-Месото во месарниците и не е толку скапо, кога ќе помислите колку само чинат женските бутови и гради.

-Сопругата на мојот сосед  е „жив“оган, еден пожарникар постојано се обидува да го изгасне огнот во неа.

-Барајќи го својот маж на соништата, многу жени наидуваат на заспани мажи.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.