„Сите жени се исти, ама… има и добри“, неделен афоризам на Коки
Октомвриската недела започнете ја со топло кафе но и насмевки. Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки, за вас, повторно издвои шест афоризми коишто сигурно ќе ве расположат. Уживајте:
-Сите жени се исти, ама …ИМА И ДОБРИ!
-Стапувајте во брак секогаш кога електростопанството е во криза, така ќе бидете помалку наелектризирани.
-За новиве мангупчиња што прераснаа во големи олигарси знам се од А до Ш, но што ми вреди кога никој не ме прашува за азбуката.
-Месото во месарниците и не е толку скапо, кога ќе помислите колку само чинат женските бутови и гради.
-Сопругата на мојот сосед е „жив“оган, еден пожарникар постојано се обидува да го изгасне огнот во неа.
-Барајќи го својот маж на соништата, многу жени наидуваат на заспани мажи.
Афористичар
Никола Бошков – Коки