Славица Купенкова на стрип фестивал во Сомбор, Србија
На покана на клубот на љубители на стрипови од Сомбор, меѓу гостите на традиционалниот деветти интернационален фестивал на стрип и фантастика кој се одржува од 17 до 19 мај, годинава, поканета е и Славица Купенкова од Скопје.
Како што велат од Македонски стрип центар – Велес, таа со деветтата уметност започнала да се занимава од 2021 година но иако периодот е краток нејзиниот талент и професионализам доаѓаат до израз. Таа на Меѓународен салон на стрип „Велес 2021“ е добитник и на наградата „Најдобар дебитантски стрип за стрипот „Училишни авантури на Јан“ каде се јавува како целосен автор – карикатурист по свое сценарио.
-Во 2022 година е една од финалистите на Меѓународниот натпревар на историски стрипови CAN FOR BALKANS-„Може за Балкан“, кој се одржа во периодот од март до јули 2022 година, Купенкова е добитник на едно од петте специјални признанија доделени од меѓународното жири за стрипот „Одисеја“. Во 2022 година е цртач на наменски стрип на каталог на стрипови како дел од грантот „За нашите соседи и пријател“ –преку РОМАЛИТИКО Скопје финансиран од страна на УСАИД. Како дел од истиот проект член е на жири комисијата по повод конкурсот за ученици -објавен од Стрип Центарот на Македонија – Велес, велат од Македонски стрип центар – Велес.
Исто така, таа е вклучена и во Македонски стрип центар како дел од организациониот тим но и во групацијата на стрип автори којашто редовно го пропагира македонскиот стрип за разни конкурси и фестивали во Балканот и пошироко. Стриповите ги црта под сценарија на велешанецот Ѓоре Гелев.
Во кратка изјава таа соопштува дека и е посебно драго што ќе воспостави контакт со други афирмирани стрип имиња од регионот.
Својата получасовна промоција но и неформалните контакти таа ќе ги искористи за натамошно развивање на мегународни стрип мостови .Тука секако спаѓа и меѓународниот стрип салон „ВЕЛЕС 2024“ како најзначајна стрип манифестација кај нас којашто оваа година ќе се организира на крај од август во Велес.
Стефани Манева