Вечерва започнува јубилејниот 20-ти ИФАД „Стоби“
Со претставата „Антигона“, текст на Жан Ануј и фрагменти од Софокле , Рој Хан и Александар Морфов и во режија на Александар Морфов, а одиграна од Драмски театар „Иван Радоев“ од Пловдив, Бугарија, вечерва, во 20:00 часот, свечено ќе биде отворен 20-от јубилеен Интернационален фестивал на атичка драма „Стоби“. Публиката ќе има можност да ужива во претсавата којашто ќе се одигра на големата сцена „Петре Прличко“ во велешкиот театар „Ј.Џ.К Џинот“.
По завршување на претставата, поточно во 22:00 часот ќе биде одржана и тркалезна маса на малата свена „Борис Бегинов“ во велешкиот театар.
Годинешното издание на фестивалот ќе трае 10 дена и публиката ќе има можност да проследи голем број на претстави, во официјалната и придружната програма. Две од претставите ќе бидат одиграни и на сцените на битолски Театар и на Театар „Комедија“ во Скопје и освен влезници обезбеден е и превоз.
Дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, под мотото „Нови манифести“ ќе се одржи во периодот од 02 до 12 октомври, годинава.
Стефани Манева