Велешанецот Љубомир Михајловски издаде ново дело „Во светот на научната фантастика“
Првата книга којашто се издава на државно ниво поврзана со теорија и историја на научната фантасика е дело на велешанецот Љубомир Михајловски. „Во светот на научната фантастика“ опфатени се различни теми од литература, теорија, музика, стрип и филм. Оваа енциклопедија содржи и илустрација. Крајниот дел од секој напис завршува со тоа што е направено во нашата држава од таа област.
-Ова е прва книга кадешто се пишува каде и како настанал стрипот, но позади нема ниту една илустрација од западните стрипови туку содржи илустрации само од македонски автори. Пишаниот збор во неа е многу вреден за македонската културна историја, рече авторот Љубомир Михајловски.
Книгата е отпечатена во црно бела боја и содржи преку 200 страници. Од вкупно 50 издадени книги, пет примероци ќе бидат однесени во Универзитетска библиотека додека остатокот од тиражот ќе биде испратен во Белград кадешто ќе се врши промоција на книгата. Инаку, авторот сам го финансирал првиот издаден тираж од неготово дело.
Книгата „Во светот на научната фантастика“ чини околу 1000 денари. Секој граѓанин којшто сака да ја купи може да му се обрати на Михајловски на неговиот личен фејсбук профил.
Стефани Манева