Велешанката, Вероника Караколева, го одржа својот солистички концерт „Звукот на ехото“  

Објавено на 4 април, 2022 во 11:07

По шест годишна пауза, велешанката Вероника Караколева, го одржа својот солистички концерт „Звукот на ехото“ во пијано придружба на проф. м-р Дилек Реџеп, пред своите сограѓани. Караколева, по завршувањето на концертот рече дека работела макотрпно и дека и претставува огромна чест но и задоволство што голем број на сограѓани го проследиле истиот.

-Оваа специфична уметност којашто е не секојдневна, бара големо жртвување и потребно е да се вложи голем труд како и време. После овој концерт сум многу горда на себе како уметник, бидејќи според мене на еден уметникот мисијата му е да допре до публиката, односно до душата на човекот а јас дефинитивно  мислам дека го постигнат тоа преку овој концерт, додаде Караколева.

Караколева го дооформува своето високо музичко образование во класата на Професор Д-р Марија Белчева, усовршувајќи се на полето на класичната музика и тоа со голем број концерти во и надвор од Македонија. Таа е апсолвентка на музичката академија во Софија и во месец јуни ги завршува своите студии по што планира да запише и магистратура.

Следен концерт на оваа млада сопранистка е следниот месец, на 19 мај, во Софија, Република Бугарија.

Концертот „Звукот на ехото“ се одржа во саботата, 2 април, во сала „Бели Мугри“. Истиот бил поддржан од градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев и медиумскиот покровител „Радио Голди“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.