Велешката библиотеката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник
Со песна, танц и награди за најдобрите творби, денеска, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше одбележат патрониот празник. Директорката Павлина Најдова, ги поздрави присутните и соопшти дека во повеќе децениското работење на библиотеката, ангажираноста на вработените и нивните вложувања во работата следејќи ги новитетите, библиотеката денес, претставува еден од културните столбови на општината.
-Со својот богат книжевен фонд со којшто располага библиотеката меѓу кои и ретки примероци со историска вредност, за нашата култура и јазик, се трудиме да ги задоволиме културните потреби на нашите читатели. За таа цел се трудиме да останеме во чекор со времето, следејќи го трендот на светските библиотеки и соработка со издавачките куќи. Нека ни е честит денот и вечно да го славиме, додаде Најдова.
Велешката библиотека располага со над 100.000 книги како и странски катчиња на англиски, француски и германски јазик но има и брајово катче во коешто има околу 100 наслови.
За време на свеченоста беа доделени и наградите од конкурсот на тема „Пред споменикот на Делчев“, организиран од страна на библиотеката. Првонаградената поетска творба му припадна на Никола Трендафилов, второнаградената творба на Стефанија Јакимовска и третонаградената творба на Стефани Стојчева.
Исто така, настанот беше збогатен со музика и танц. Првата музичка точка „Мазурка“ со гитара ја отсвири Мила Јорданов од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ , потоа со рецитал настапи Памела Панова од посебното основно училиште „Маца Овчарова“.
Ученикот Стефан Ракиџиев од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ се претстави со „Соната“ од Моцарт на пијано.
Прекрасните балерини од балетското студио „Анабела“ со танц ја затворија свеченоста по повод .
Стефани Манева