Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми

Објавено на 21 март, 2022 во 10:56

Нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник издвои шест афоризми за читателите на Дума.мк. Првиот ден од пролетта поминете го со многу насмевки.

-Се здобива впечаток дека некои нутриционисти премногу инсистираат на добиточна исхрана.

-На бирократите се уште не им е дојдено времето да започнат  да си ги соблекуваат гаќите:народот веќе одамна е без гаќи.

-На современите венчавки се почесто сведоци се нивните деца.

-На нашата естрада доминираат два стила : едни пејачки форсираат длабоко деколте,а други,пак…куси здолништа.

-Мојата нова сосетка се обиде да вплови во немирните брачни води со…дупнато кајче.

-Нашиот атлетичар штотуку ја трасираше брачната патека ,кога по неа започна да трча…комшијата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.